УСТАВ НА CYBER ЈУГОСЛАВИЈА

Choose language

DRAFT 1, 15.07.1999


 

1.

Уставот на CY е променлив. Иницицијалниот Устав на CY го напишал Граѓанинот Министер Webmaster, со идеја секој да може да го измени. Промените во Уставот се предлагаат во рамки на граѓанската-веб страница (интерактивен пасош). Секој граѓанин има право да поднесе предлог за промена на Уставот. За овој предлог одлучува целовкупното жителство на CY, со постапка на Јавно Гласање.


2.

Постапката Јавно Гласање, со која се прават сите промени на CY изгледа вака: Вкупно две третини од граѓанството мора да учествува во одлуката ЗА или ПРОТИВ предлогот кој некој граѓанин го поднел, вклучувајќи ги и предлозите за промена на Уставот. Од оваа, кворумска маса на граѓани, пеесет проценти плус еден жител мораат да се изјаснат ЗА, за предлогот да биде усвоен.Пребројувањето на гласовите (реал-тиме) го врши Алгоритамот на Социјалното Уредување.


3.

Највисок орган на државата е Алгоритамот на Социјално Уредување. Изворниот код на овој алгоритам е јавен и секој жител на CY може да го види. Секој граѓанин, исто така, може да предложи модификација на овој Алгоритам пред целовкупното граѓанство на CY, со постапката Јавно Гласање. Ако модификацијата е одобрена, Алгоритамот ќе се промени според предлогот.


4. Граѓанин на Cyber Југославија може да стане секој. Односно, секој има право да поднесе барање за пасош. Секој може да добие пасош автоматски, освен ако е на листата "persona non-grata" и освен ако е на листата на оние на кои пасошот им е одземен. Во овие два случаи, поднесувачот мора да поднесе посебна молба, која ќе ја разгледува целото граѓанство на CY, и за што одлуката ќе се донесе со постапка на Јавно Гласање. Добивањето државјанство на CY не зависи од второ или трето државјанство што граѓанинот го има, ниту од неговото потекло или националност. Сите жители на светот доаѓаат во обзир за државјанство на CY.
5.

Граѓанството на CY и пасошот на CY на граѓанинот можат да му се одземат ако не се однесува во согласност со Уставот на CY.


6.

Секој граѓанин мора да биде министер на нешто. Со добивање на државјанството, граѓанинот мора да избере свое министерско место. Доколку местото веќе е пополнето, граѓанинот мора да избере некое друго. Министерското место не може да биде надредено или подредено на ниедно друго министерско место. Правилни примери за министерски именувања се: Министер за кока-кола; Министер за риби; Министер за Спеед Метал; Министер за фотографии на Марко Новосел; Министер за Црвена Ѕвезда; Министер за Планини; Министер за народна музика; Министер за заоѓање на сонцето; Министер за Финансии; Министер за Патки; Министер за Фузија; Министер за Европа Танцува; Министер за Самостојност; Министер за Пливање; Министер за корозија;Министер за одење; и сите останати примери.


7. Никој никогаш неможе да стане Претседател, Крал или Премиер на CY, ниту на било кој начин да ја наметнува својата волја на граѓаните на CY. Сите граѓани се рамноправни Министри и секој министер е подеднакво важен.
8. Чест и должност на секој граѓанин, кој е умешен со HTML, Java, Java Script, VBScript, со COM објекти, со IIS филтри и серверски АСП апликации, како и во дигитализација на музика, видео и фотографии за веб, е да учествува во градењето на Cyber Југославија.
9. Граѓанинот има право на апсолутна приватност. Неговите податоци ќе бидат скриени од другите, освен доколку самиот тој тоа не го сака. Секој граѓанин може да го избере нивото на својата приватност, и тоа во секој миг, преку својот интерактивен пасош. Граѓанинот на другите граѓани ќе им биде познат единствено по своето министерство, што е нужно, а се останато е опционално.
10. Химната се менува на дневна основа. Химната не ја бира граѓанството, туку рандом сеед генератор применет врз Уставниот алгоритам. Изворниот код на Уставниот алгоритам за бирање на химна (како дел од Алгоритамот на Социјаното Уредување) е јавен и секој може да го види. Химната се бира секој викенд од групата т.н. "кандидати за химна". Групата на т.н. "кандидати за химна " ја предложува граѓанството, со постапка различна од постапката на Јавно Гласање. Секој нов предлог мора да добие макар 2/3 од гласовите на сите граѓани за да може да влезе во оваа група. Меѓутоа, 1/2 од гласовите на сите граѓани може да симне некоја химна од групата "кандидати за химна" (ако на граѓаните таа песна им оди на нерви, мора да биде полесно за укинување отколку за предложување). Ова подразбира дека во некој миг постои можност да нема химна, т.е. групата "кандидати за химна" да биде празна. Во тој случај software-от ќе се побуни и ќе избере било која песна, што ќе му падне на памет од постоечките песни на веб.
11.

Знаме и Грб на CY секогаш има по едно односно еден, но се променливи . Знамето и Грбот граѓаните ги бираат со постапка на Јавно Гласање.


12.

Официјален јазик на CY е секој, што било кој ќе го предложи. Секој предложен јазик секогаш се усвојува како официјален јазик, доколку постои. Иницијални официјални јазици на CY се: Српско-Хрватски, Англиски, Македонски, Словенечки, Руски, Француски, Холандски, Германски, Португалски, Паскал, C, C++, Visual Basic и Латински.


13.

Секој граѓанин кој ќе преложи нов говорен јазик има обврска да го преведе Уставот на тој јазик доколку не е преведен. За превод на Уставот, можат да се користат Уставот на Англиски и Уставот на Српско-Хрватски.


14.

Граѓанството на CY е бесплатно и ништо никогаш не смее да се наплатува. Трошоците за одржување на CY ги покриваат:

  1. Трошоците за Интернет Серверот и сообраќајот - Министерот Webmaster и Министерството за Web;
  2. Трошоците на програмирање - граѓаните што доброволно ќе се пријават да работат на програмирање на CY;
  3. Сите останати трошоци - граѓаните, исклучиво со донации, никогаш со членство.

15.

Секој граѓанин има обврска да ја посети CY 50 пати годишно на http://www.juga.com и да ја провери сопствената интерактивна пасош-страница. Секој граѓанин должен е минимум еднаш месечно да го прочита Уставот, со што би ги следел неговите промени. Секој граѓанин е должен да гласа за една третина од предлозите, кои другите граѓани ги поднеле во текот на една година. Алгоритамот на Социјалното Уредување ќе ги проверува овие должности.


16.

Во моментот на основањето, Cyber Југославија нема територија. основачкиот број е 152. Кога бројот на граѓаните ќе достигне пет милиони, CY ќе бара статус на земја-членка на Обединетите Нации, а потоа и територија од 20 квадратни метри, било каде на земјината топка, на која ќе го постави својот сервер. Тоа ќе биде официјална територија на CY, на која ќе се наоѓа DNS влезот http://www.juga.com


17.

Околу сите спорови надлежен е Уставниот Суд на CY. Уставниот суд на CY е составен од девет членови, Министри Судии, чии имиња се објавени. Секој член може да биде отповикан со Јавно Гласање. Во оној момент кога граѓанинот ќе го преземе местото Судија, го замрзнува своето место Министер, се додека му трае судиската функција. По престанокот на траењето на оваа функција, тој повторно го зазема местото Министер, кое го имал пред да стане судија.

 

Translated by: Emilija Evtimova